Јелена Ѓоковиќ, Ким Сирс, Ајла Томљановиќ, Мирка Федерер се само некои од дамите кои ќе навиваат за својата посилна половина овој јануари во Австралија.
„Грен Слем“ во Австралија започна, а како и досега, големо внимание на медиумите им привлекуваат девојките и сопругите на славните тенисери.
Ова се дамите кои ќе навиваат од трибините:
Британскиот Дејли Меил пишува дека бракот на славниот тенисер, Новак Ѓоковиќ и Јелена е како модерна бајка.
Ноле и Јелена се запознале во средно училиште. Се вериле во 2013-та година, а се венчале во 2014-та. Имаат две деца, 4 годишниот син Стефан и едногодишната ќерка Тара.
После 9-годишната врска, Ким и британскиот тенисер Енди Мари, во 2015-та година стапиле во брак.
Нив двајца ги споил токму тенисот, бидејќи таткото на Ким бил играч, а подоцна и тренер. Ким и Енди имаат две ќерки.
Од 2015-та година, оваа 25-годишна девојка е во врска со австралискиот тенисер Ник Кирјос. За нив велат дека малку се расправаат, малку се смируваат, малку раскинуваат. Парот во 2016-та година ја официјализирал врската.
Ајла исто така е професионална тенисерка со Хрватски, но и Австралиски корени.
Хрватската тенисерка Дона Векиќ (22) е во врска со швајцарскиот тенисер Стен Вавринка (33)од 2015-та година. После пропаднатиот брак, среќата ја пронашол со колешка.
Мирка (40) и швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се во брак од 2009-та година. Парот има четири деца, 9-годишните близначки Шарлин и Мила и 4-годишните близнаци Лени и Леа.
Мирка некогаш професионално се занимавала со тенис, но после повредата на ногата го напуштила овој спорт му се посветила на мајчинството и на поддржување на сопругот низ неговата успешна кариера.
Манекенката Естер Бердин (27) е сопруга на чешкиот тенисет Томаш Бердих. Парот е во врска од 2012-та година, а во 2014-та година објавиле дека се верени.
Се венчале во Мароко во 2015-та година, во кругот на најблиски 20 пријатели и роднини.
Марија и шпанскиот тенисер Рафаел Надал заедно се веќе 13 години. Парот пораснал заедно на Палма де Мајорка, а во 2005-та година започнале врска.
„Таа е прекрасна личност. Покрај неа се чувствувам прекрасно. Таа е веројатно жената на мојот живот“, рекол Надал во една прилика за Марија.