Старлета. Често споменуван поим, кој некогаш беше синоним за млада глумица во подем, а денес има сосема поразлично значење, во негативен контекст. Старлета е збор кој потекнува од италијаснкиот израз "starletta" (ѕвезда), а денес е синоним за девојки кои се дел од јавниот живот, а за кои никој не знае што навистина работат.
Да се биде старлета значи да се биде ријалити ѕвезда, дама која промовира голотија, контроверзна девојка или да биде љубовница на успешен маж. А, тука на сцена настапуваат и спортистите.
Тоа се девојки кои навистина вложуваат во својот физички изглед и профили на социјалните мрежи. Привлекувањето на внимание и сјајниот изглед се нивни моќни страни, а кај спортистите тоа поминува доста успешно.
Бројни девојки успеале да им ги уништат кариерите на одреден број спортисти, а една од нив е Лиса Ен која тврди дека спиела со многубројни НБА ѕвезди. Девојките ги одведуваат во кревет, а потоа после неколку дена им се јавуваат и ги уценуваат.
И сето тоа не би било случајно, бидејќи сѐ е испланирано. Девојките бараат токму такви кои се во брак или во врска.
Елизабет Рузико прилично убаво ја "здрма" големата ѕвезда на НФЛ од Денвер, Вон Милер кој стана мета на уцена на својата поранешна љубовница. Таа му се заканувала дека ќе ги објави снимките од нивните сексуални односи, па му побарала околу 2 милиони евра.
Роксен Џеферс е уште една порно глумица која ја уништи самодовербата на еден спортист, односно фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маруен Фелаини. Наводно максимално го искористувала, а на крајот англиските таблоиди пишуваа и дека го изневерила со негов соиграч.
Жестоко настрадал и Лук Фостер. Англискиот фудбалер требаше да прави венчавка со Ребека Николсон, со која 6 години биле заедно, имале дете, а потоа следувал шок за него. "Бараше сѐ повеќе пари. Голема куќа, скапа гардероба, неверојатна количина на пари. И така еден ден без најава ме напушти мене и детето", открил Фостер во едно интервју. Имено во рок од еден месец останала бремена со фудбалерот Џејми Варди и така го остави вереникот во тешка состојба.
Тео Хернандез, фудбалерот на Реал имаше летна авантура со Луиза Кремлев, но Русинката тоа не го сфати така. Таа потоа го обвини за сексуално насислтво кое наводно се случило на задното седиште од неговиот автомобил. Русинката секако се обиде сето тоа да го реши, но Тео не сакал да молчи па на суд ја докажа својата невиност.
Ванда Нера е познат пример, таа успеа да го расипе пријателството помеѓу двата познати фудбалери Макси Лопез и Мауро Икарди. Додека беше во брак со Лопез, го заведе и Икарди, а врвот беше кога го повика неговиот пријател да оди со нив на крстарење.
"Додека бев на крајот на бродот, без срам ме фрли на кревет. Точно тогаш знаев дека нејзината врска со Макси е завршена", рекол Икарди.