После една година врска, славниот глумец ја запроси ќерката на Шварценегер

Точка

14/01/2019

16:36

4.703

Големина на фонт

а а а

Крис Прет ја запроси Кетрин Шварценегер, а таа го кажала судбоносното "да", додека убавата вест славниот глумец ја сподели на Инстаграм.

Ѕвездата на филмот "Чувари на галаксијата" ја објави фотографијата со новата вереница, ќерката на Арнолд Шварценегер, а таа го покажа огромниот прстен на левата рака. 

"Драга Кетрин, толку сум среќен што рече "да"! Воодушевен сум што ќе се омажиш за мене", напиша Крис.

Парот е во врска од јуни минатата година, а од 2008 до 2017 година тој беше во брак со Ана Фарис, а парот го има и заедничкиот син Џек.



Спонзорирани линкови

Маркетинг