Јоланда Хадид, некогашен модел и мајка на познатите манекенки Џиџи и Бела Хадид, имала моќна порака за сите жени кои се соочуваат со стареење.
Јоланда наполнила 55 години и објавила фотографија од своето тело со порака дека никој не треба да се срами од својот природен изглед.
"Конечно се вратив на оригиналот од 1964-та година. Живеам во тело кое е без импланти во градите, филери, ботокс, екстензии и сите останати глупости кои мислев дека ми се потребни за да бидам во чекор со општеството, кое ме убеди како треба да изгледа една секси жена, се додека тоа не ме уби", напишала Јоланда покрај фотографијата.
"Потребни ми беа многу години да исправам некои лоши одлуки кои ги донесов за себе. Сега ја пронајдов слободата да ја прифатам убавината според моите стандарди", додала таа.
На Јоланда во 2012-та година и била дијагностицирана Лајамска болест, а до денес целосно заздравела од неа. По бројните терапии Јоланда вели дека посетила повеќе од 100 лекари и се заздравила 80 проценти.