Иванов: Го видовме вистинското лице на коалицијата СДСМ-ДУИ

Макфакс

15/01/2019

13:30

2.685

Големина на фонт

а а а

Објавувањето на Законот за јазиците во „Службен весник“ е противуставен чекор, велат од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов. Оттаму велат дека чекорот не е законски и затоа директорот на „Службен весник“ може да биде кривично гонет.

„Доцна синоќа имавме можност да го видиме вистинското лице на владината коалиција на СДСМ и ДУИ, која себеси се смета за проевропска. Објавувањето на Законот за употреба на јазиците и на Законот за ратификација на спогодбата од Преспа во ‘Службен весник’, без потпис на указот од претседателот на Република Македонија, се противуставни. Со доставувањето на овие два закона во ‘Службен весник’ е прекршен членот 75 од Уставот на Република Македонија, а објавувањето на законите е направено незаконски и претставува основа за кривично гонење“, велат од кабинетот на Иванов.

Според кабинетот на претседателот Иванов, ова е момент кога ќе се види дали функционираат независното судство и Обвинителството, но и дали во Македонија постои владеење на правото.

„Се прашувам дали високите претставници на меѓународната заедница, кои ја поддржуваат оваа владина коалиција, ќе се јават и ќе го поддржат овој начин на донесување закони? Дали ќе ги поддржат овие преседани што носат несогледливи последици и штета врз правото и правната држава и дали вакви преседани применуваат во сопствените држави?“, се додава во дописот од кабинетот на Иванов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг