"Спиралниот 'рбет" ќе биде највисока зграда во Австралија, а дали вака ќе изгледа архитектурата на иднината?

Точка

15/01/2019

13:54

2.773

Големина на фонт

а а а

Спиралниот солитер обраснат со дрво победил на меѓународниот конкурс за дизајн на објекти, кој ќе биде дел од новиот комплекс на јужниот брег на Мелбурн, во вкупна вредност од 1,4 милијарди американски долари.

Изградбата на "Спиралниот 'рбет" во Мелбурн треба да започне во 2020-та година, а кога ќе биде завршена, тоа ќе биде највисоката зграда во Австралија - 365 метри.  

Покрај станбени и деловни простории, комплексот ќе има простор за дружење под кров и на отворено, вклучувајќи и градина на кровот.

Победничкиот проект е дело на холандското архитектонско студио "UN Studio" и Австралиската компанија "Cox Architecture”. Карактеристичен е по геометриските стаклени фасади и "'рбети" кои сочинуваат тераси и градини полни со дрва.

"Мелбурн има прекрасни градини и булевари. Природата е многу важна за живот во градот, па поради тоа создадовме вертикален булевар...кој обезбедува простор на отворено, атмосфера во соседството, скриени паркови и социјални активности", вели директорот на "Cox Architecture", Филип Роув.

Повисоката од двете планирани кули ќе биде за 30 метри повисока од моментално највиската зграда во Австралија, која се наоѓа во Голд Коуст и висока е 322 метри.

"Мислам дека архитектурата од крајот на 20-тиот и почетокот на 21-виот век се разви дека стануваме се посвесни за важноста на околината - како од аспект на одржливост, така и од човечки аспект", вели Роув и додава дека "поврзаноста со природата и зеленилото е тоа што е денес најважно за луѓето" .

"Оддалечувањето од кулите кои рефлектираат светлина и вртењето кон похуман пристап, кој ја одржува поголемата поврзаност со природата, веројатно ќе стане нов тренд", заклучува Роув.




Спонзорирани линкови

Маркетинг