Момче видело необични црни точки на небото и веднаш го земало телефонот за да ги сними: Кога сфатило за што се работи се вкочанило од страв!

Точка

15/01/2019

21:34

13.316

Големина на фонт

а а а

Едно момче (14) од Бразил снимило необична појава додека патувало со родителите на фармата на своите баба и дедо.

Возејќи се во автомобил, забележал црни точки на небото, па веднаш го земал телефонот за да сними интересна сцена.

Кога погледнало малку подобро, сфатило дека станува збор за пајаци кои изгледале како да паѓаат од небото.

Снимката на момчето Жоао Педро Мартинели Фонсека веднаш станала хит на интернет, а експертите објасниле за што всушност станува збор.

Необичниот феномен бил предизвикан од топлото и влажно време, а пајаците всушност не паѓаат туку се движат по големата мрежа која ја направиле за полесно да ги уловат инсектите со кои се хранат.

„Тоа е нивната тактика со која го зголемуваат подрачјето за ловење храна, обично инсекти. Тие плетат мрежа која изгледа како падобран“, објаснил еден биолог за локалните медиуми. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг