Историски момент за човештвото: Никнаа првите билки на Месечината

Точка

15/01/2019

14:59

6.713

Големина на фонт

а а а

Прортеа семињата која кинеската мисија “Chang’e-4” ги понесе на Месечината, јавува Кинеската национална вселенска агенција, а пренесува “BBC”.

Ова е прв пат било каква биолошка култура да израсне на Месечината, па затоа овој настан се смета за значаен чекор кон долгорочното истражување на вселената. 

Инаку, и претходно беа одгледувани билки во вселената, на Меѓународната вселенска станица, но никогаш досега не сме го направиле тоа на нашиот природен сателит.

Астронаутите би можеле да патуваат на Марс

Способноста и искуството за одгледување на билки на Месечината се значајни за сите други проекти и долгорочни вселенски мисии, како што е патувањето на Марс кое може да трае околу две и пол години. Тоа значи дека астронаутите во вселената можат да користат храна од сопствено производство, а со тоа да ја намалат потребата да се вратат на Земјата за да земат уште потребни продукти.

Кинеските државни медиуми објавија дека семките на памук никнале во први билки, а “People’s Daily” на Твитер објави и први фотографии од нив. При тоа, тие напишаа дека тоа е “прв биолошки експеримент на човештвото на Месечината”.


Поставување на темели за иднината

Фред Ватсон, астроном од австралискиот опсерваториум, изјавил за “BBC” дека ова се “многу добри вести”.

“Овој успех укажува на тоа дека можеби во иднина нема да постојат непремостливи проблеми за астронаутите за да одгледуваат сопствени посеви на Месечината во контролирани услови”, додал Ватсон.

“Знаењето за растот на растенијата во опкружување со ниска гравитација ќе нѝ овозможи да ги поставиме темелите за идното воспоставување на вселенска база”, изјавил Ши Геншин, водител на проектот на мини еко системот за “South China Morning Post” и додал дека памукот, на пример, би можел да се користи за облека, додека компирот би можел да биде извор за храна на астронаутите, а маслодајната репка за масло.

Првиот цвет на Месечината

Кинеската мисија “Chang’e-4” ќе го анализира тлото и ќе ја мери температурата за да го открие потеклото на водата која ја има во неочекувано голема количина на тлото на нашиот природен сателит.

Според информациите на кинеската државна новинска агенција “Sinhue”, сондата на Месечината понела и мала билка од родот “Arabidopsis” за која се очекува дека ќе прерасне во првиот цвет на Месечината. Во сондата се наоѓаат и овошни мушички и квасец.

Сондата ќе го проучува кратерот

Модулот “Chang’e-4” ќе го проучува кратерот Вон Карман, кој се наоѓа во внатрешноста на базенот на Јужниот пол – Аиткен, за кој се смета дека настанал во текот на силниот удар на некое друго небесно тело во површината на Месечината.

Со оглед на тоа што сондата слетала во кратерот Вон Карман, таа ќе може да го проучува местото на кое паднал голем астероид со пречник поголем од 500 километри, удрил во површината на Месечината и го создал базенот SPA. Ударот бил толку силен што веројатно го пробил надворешниот дел од кората на Месечината, а сондата би можела да собере примероци кои би можеле на научниците да им дадат одговори и да им овозможат подобар увид во внатрешната структура.



Спонзорирани линкови

Маркетинг