Во тек е напад на луксузен хотел во главниот град на Кенија, а според тамошните извори, околу хотелот се слушаат пукотници и силни експлозии.
Сведоците кои што биле во близина на хотелот кој што бил нападнат тврдат дека станува збор за терористички напад, а полицијата од Најроби исто така според првичните информации соопшти дека станува збор за терористички напад.
#Nairobi #Kenya pic.twitter.com/oQQK5poUCZ
— Ian Cox (@IanECox) January 15, 2019
Станува збор за напад на цел хотелски комплекс каде што покрај големиот хотел “DusitD2”, има и банки и канцеларии.
Неколку автомобили горат, додека полицијата ги евакуира граѓаните кои што се во близина на вооружениот напад.
IN PICTURES: @FerdyOmondi says gunshots still being heard from within Dusit premise. Confirms heavy police presence. @BBCAfrica pic.twitter.com/neHMffB80W
— Ian Wafula (@Ian_Wafula) January 15, 2019