Минатата година, бројните медиуми кои го следат технолошкиот пазар најмногу внимание им обрнаа на компаниите “Apple” и “Amazon”.
“Apple” беше во прв план бидејќи тоа е првата компанија која достигна пазарна вредност од една милијарда долари, а многу се очекуваше и од новите модели на “iPhone” за кои аналитичарите говореа дека ќе ги соборат сите продажни рекорди. Компанијата “Amazon” на кратко ја проби границата од една милијарда долари, додека богатството на неговиот основач и шеф, Џеф Безос, порасна со неверојатна брзина и моментално изнесува околу 135 милијарди долари.
Што се однесува до медиумската покриеност, некако во позадина беше ставен растот на цената на акциите, а со тоа и пазарната вредност на “Microsoft” која прва ги собори сопствените рекорди кога се во прашање цените на акциите, за во ноември да го престигне “Apple” и да стане највредната компанија на светот по пазарна вредност.
Во текот на вчерашното дружење со новинарите, извршниот директор на “Microsoft” кој е заслужен за големиот пресврт на компанијата, Сатја Надела, објаснил зошто не го прославил овој голем настан и преземање на позицијата на највредната компанијата.
“Не сум еден од оние кои велат: Одиме да ја прославиме пазарната вредност. Тоа едноставно не е стабилно”, коментирал Сатја за медиумите. Иако “Microsoft” не само што на кратко ја презеде водечката позиција, туку на неа се задржа некое време.
Она што е поважно од моменталната цена на акциите и пазарната вредност на компанијата е нејзиното влијание и влијанието на нејзините производи врз луѓето, клиентите и партнерите надвор од “Microsoft”. Надела ја нагласил важноста на создавање на приходи на другите компании кои ги користат нивните услуги, а кога луѓето и компаниите околу “Microsoft” ќе заработуваат пари и ќе ги зголемат своите приходи, тоа ќе значи и долгорочен успех на самиот “Microsoft”.