Дали би била со него ако е шворц? "Веројатно не"

Точка

15/01/2019

15:48

4.427

Големина на фонт

а а а

26-годишната манекенка Нина Агдал е во врска со Џек Парис Бринкли Кук веќе 18 месеци.

23-годишниот Џек е син на славниот модел Кристи Бринкли и Ричард Таубман. Парот се венчал кога Кристи имала 40, а тој 48 години. Биле во брак само една година, а во меѓувреме го добиле синот Џек. Подоцна, Џек бил посвоен од следниот сопруг на Кристи, четвртиот по ред, Питер Кук. 

Познатата манекенка Нина Агдал не крие колку е среќна во врската со Џек, па неодамна објавила фотографија од свое утринско издание со порака:

"Вчера бев на состанок со Џек и се обидував да изгледам секси. Утрово се разбудив ваква, каква што сум, со маска на лице. Одлично е чувството да се биде во врска во која се чувствувате комфорно", напишала таа.

Еден од нејзините фанови ја прашал: "Биди искрена, дали би била со него ако е шворц?", а манекенката одговорила: "Веројатно не".

Парот се запознал во 2017-та година во Њујорк само два месеци откако Нина раскинала со холивудскиот актер Леонардо Дикаприо.

View this post on Instagram

Happy birthday cowgirl. To the moon and back

A post shared by JACK BRINKLEY-COOK (@jackbrinkleycook) on



Спонзорирани линкови

Маркетинг