Видео игрите стануваат најпопуларен тренд во фитнесот

Супермен

15/01/2019

17:18

839

Големина на фонт

а а а

Како би реагирале кога би ви кажале дека иднината на фитнесот се токму видео игрите? Веројатно не би поверувале бидејќи обично овие два света се вистинска спротивност, но компанијата “Holofit” дошла до генијална идеја да им овозможи одлична прилика на гејмерите да вежбаат и да го тренираат своето тело.

Гејминг индустријата станува сѐ поголема и помоќна, а постојат сѐ повеќе млади луѓе кои поминуваат голем дел од времето пред мониторот, играјќи ги своите омилени видео игри. Меѓутоа, замислете колкава би била користа за поединците ако го поминуваат тоа време во теретаната или на справите за вежбање. 


Токму тоа е целта и на “Holofit” – таа креирала виртуелно искуство кое им овозможува на играчите да се транспортираат во светот на игрите, но за да учествуваат во истите, тие мора да тренираат.

Со тоа се направени “Holofit” велосипед, кајак и машина за трчање кои им овозможуваат на играчите да се движат. Со тоа, доколку седнете во кајак, вие во реално време ќе мора да веслате и да ги движите вашите раце и нозе, додека вашиот аватар ќе ги следи вашите движења во игрите. Иста е ситуацијата и со VR велосипедот.


Машината за трчање е уште поспецијална бидејќи ви овозможува да трчате во реално време, а со тоа и да се движите во играта. Тоа значи дека ќе можете да трчате по виртуелните светови и да ги истражувате истите, а истовремено да го вежбате вашето тело. Ваквиот пристап кон игрите носи вистинска револуција и претпоставуваме дека во наредните пет години ќе се појават повеќе игри кои ќе поддржуваат ваква VR контрола.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk