Кина и САД имаат заеднички политички, економски и безбедносни интереси, и покрај спорот околу островите во Јужното Кинеско море. Во последните неколку месеци Кси Џинпинг и Доналд Трамп одржале воени вежби на копно и на вода за да демонстрираат најсовремена технологија и воена сила.
Кинескиот воен стратег Ванг Сијангсуј, меѓутоа, тврди дека неговата земја, доколку биде неопходно, би можела да ја скрши моќта на САД, без да испука ниеден куршум.
Тој објаснил дека трката во вооружувањето станала бесмислена кога силите почнале да настојуваат да остварат светска доминација. Во програмата со име "Империи во војна" на каналот на Амазон - "Prime Video", Ванг истакнал дека Кина, наместо тоа, се сконцентрирала на глобалната економија, за да воспостави целосна контрола над светот.
"Новата закана повеќе не е директната конфронтација на земјите. Денес тоа повеќе не е борба оружје против оружје, авион против авион и тенк против тенк", објаснил тој.
"Конфронтацијата добива многу различни облици во различни области, на пример во доменот на финансиите, или медиумите", рекол Ванг и додал дека целите на новиот вид на конфликт се "исти како и во случај на воен судир".
"Сакаме да ги принудиме непријателите да прифатат одредени услови. Иако и тоа е војна, сепак ги надминува воените рамки, и ние тоа го нарекуваме "неограничена војна"", рекол стратегот.