Човекот-мачка плачел на сослушувањето: "Уапсете го Чаба Дер, повторно ќе убие некој"

Точка

15/01/2019

19:13

7.160

Големина на фонт

а а а

40-годишниот Ален Циглер, познат под прекарот "човек-мачка", кој бил уапсен поради сомнение дека со Чаба Дер учествувал во убиството на Небојша Марковиќ на Баново брдо, плачел на сослушувањето во полицијата и признал дека го возел "пунтото" со кое го одвел Чаба Дер на местото на злосторството.

"Ве молам, пронајдете го и уапсете го Чаба, повторно ќе убие некој", наводно по апсењето им рекол Циглер на полицајците. Инаку, полицијата распишала потерница по Чаба Дер. 

Циглер бил уапсен во голема акција на полицијата и на сослушувањето во обвинителството се бранел со молчење, по што му бил одреден притвор до 30 дена.

Меѓутоа, како што пишува српски "Kurir", пред приведувањето во обвинителството, тој на полицијата и детално и зборувал за познанството со Чаба, но и за 5-ти јануари, кога го одвел до Баново брдо.

"Кажа дека тој и Чаба се пријатели од детство и дека Дер му помагал финансиски додека бил бил во затвор но и кога излегол на слобода", открива изворот од истрагата за "Курир".

Тој објаснува дека Циглер само три месеци минал на слобода, откако од затвор излегол во октомври минатата година.

"Циглер тврдеше дека тој ден Чаба го повикал да го вози, но дека не му кажал каде ќе одат или што ќе направи. Повторуваше дека не знаел дека неговиот пријател ќе убие некој", додава изворот. Тој објаснил дека "мачка" и Чаба се од истото место и дека Дер го замолил кобниот ден да го однесе до Белград.

Меѓутоа, истрагата треба да утврди дали Циглер навистина не знаел што планирал неговиот пријател или дали некој го ангажирал за убиството на Марковиќ.

Полицијата смета дека Небојша бил убиен по грешка и дека мета всушност требало да биде Александар Шарац, кој живее во истата куќа каде живеел и убиениот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг