Бил американски принц, а неговата смрт е препишана на проклетството на Кенедиеви: Поминаа 20 години од страшната авионска несреќа, а овие детали и денес се непознати!

Супермен

15/01/2019

16:00

3.470

Големина на фонт

а а а

Поминаа 20 години од погубувањето на Џон Ф. Кенеди помладиот, кој загина во авонска несреќа летото во 1999-та година.

Двочасовниот документарец „Последниот ден на ЏФК помладиот“, кој неодамна бил емитуван на американската телевизија ABC, на секој начин се обидува да ја отстрани вината на Кенеди, тврдејќи дека дежурните служби рекле дека „условите за летање се одлични“ (што е лага, и Кенеди го знаел тоа), пренесуваат американските медиуми.


Тие рекле дека и неговиот инструктор бил спречен тој ден да лета со нив, што не е вистина, бидејќи младиот Кенеди го одбил инструкторот и рекол дека сака да оди сам.

Во прашање е всушност поголем проблем, а тоа е континуирана идолатрија и некритичко обожување на сè што има врска со семејството Кенеди - за нивните врски со криминалот и подземјето за кои никогаш не се зборува.

Во таа насока, документарецот навел: „Го загубивме сонот, го загубивме наследникот, го загубивме принцот.“ Џон Кенеди помладиот лесно се носел со теретот кој го носи славата и во Њујорк се „движел“ како еден од обичните луѓе, свесен дека неговиот изглед и педигре му даваат место во историјата кое не го заслужил самостојно. Бил единствена појава во американскиот јавен живот. Но, истовремено сакал да биде и ѕвезда.

Бил егзибиционист кој често се фотографирал без маици. Се забавувал со филмски ѕвезди и со Мадона. Грешел и сурово се шегувал. На вечера ја повикал Лери Флинт, а своевремено објавил гола фотографија од Џеки Кенеди како се сонча. Поради тоа вујко му Тед Кенеди дури му испратил писмо на кое му напишал колку е разочаран. Кенеди помладиот се стремел кон нешто што било далеку од неговите способности.

На само 27 години, одржал говор на годишната средба на Демократите, каде го доживеале како „враќање на месијата“. Така започнале незапирливи гласини за тоа дека тој ќе биде во претседателските води, иако сè уште бил студент кој речиси два пати бил исфрлен од факултетот, а правосудниот испит го паднал два пати.

Сепак, добил важна и престижна работа, која воопшто не ја сакал, но ја прифатил за да ја смири мајка си.

##https://twitter.com/kinseyschofield/status/1081344363521851392##

Во специјалот на ABC, невидено се романтизира неговата судбина, постојано повторувајќи како неговата мајка Џеки го молела никогаш да не лета, бидејќи имала претчувство дека нејзиниот син така ќе умре. Можеби не станувало збор за натприродно претчувство, туку за рационален страв. Знаела дека нејзиниот син лесно се деконцентрира, и дека е авантурист кој е склон на опасност.

И така приказната за несреќата се прераскажува како неизбежен дел од проклетството на Кенедиеви, а можеби е во прашање само нивната размазеност, невнимание и ароганција, а не проклетство, смета Њујорк пост.

Џон, сопругата Каролин и нејзината сестра Лорен таа вечер доцнеле, поради сообраќајот во Њујорк. Кенеди тоа лето го скршил глуждот за време на еден лет со параглајдер и штотуку го извадил гипсот. Наводно ногата не му била доволно заздравена. Возел тип на летало кое било пресофистицирано за почетници, бил под стрес поради работата, а можеби и поради кризи во бракот, а имал дозвола за помалку часови за лет без инстуктор. Наместо да се држи до осветленото крајбрежје, каде времето било убаво, тој отишол кон потемната страна на океанот.

Тоа што ABC не го кажале е тоа дека сите експерти го обвинуваат исклучиво ЏФК и неговата немарност и неискуство за пад од летало. Ретко летал навечер, а генерално малку летал со инструктор. Ја игнорирал маглата. Во целосен мрак, без видлив хоризонт, Кенеди не можел да го разликува морето од небото. Се збунил. Изгледа дека буквално летал кон океанот.

Телата биле во толку лоша состојба, што за тоа никогаш јавно не се зборувало. Кенеди помладиот сакал внимание. Треба да потсетиме и на тоа дека после трагедијата Кенедиеви многу лошо се однесувале кон родителите на починатата сестра. Роберт Ф. Кенеди помладиот дури и во својот дневник пишувал дека грозно се однесувале кон Ен Фриман, мајката на Лорен и Каролин. Ѝ било кажано дека ЏФК „ќе биде погребан во семејната гробница, а со „Каролин нека прават што сакаат“.

Телата биле кремирани за да се отежне тужбата, но Фриман секако тужела во 2001-ва година и добила 15 милиони долари. Нејзиното семејство повеќе не зборувало за тоа. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk