Папараците ја “уловиле” познатата актерка како го допира новото момче за меѓуножјето

Точка

15/01/2019

16:43

7.183

Големина на фонт

а а а

Актерката Џенифер Гарнер, поранешната сопруга на Бен Афлек, е во врска со претприемачот Џон Милер, а неодамна тие биле “уловени” во заеднички шопинг во Лос Анџелес.

Актерката не можела да се воздржи, па затоа, и покрај бројните минувачи, го допирала новото момче за меѓуножјето. Се чини дека тоа на Џон не му сметало бидејќи тој задоволно се смешкал. 


Гарнер во последните три години поминувала низ тежок период поради разводот со Афлек, а истоврeмено сакала да остане во пријателски однос со него поради децата Вajoлет, Сeмјуел и Серафина. Таа му помагала на Бен да се одвикне од алкохолот и дрогата и се сосредоточила на воспитувањето на децата и работата.


“Тие се заедно веќе шест месеци, а работите се прилично сериозни помеѓу нив двајца. Таа го извлекува најдоброто од него, а тој е многу среќен со неа. Тоа е една здрава и нормална врска”, изјавил пријател на новопечениот пар.

Џон бил во брак со Каролин Кемпбел, со која има два деца, но нивниот однос престанал да функционира во 2015 година. Каролин е истакната музичарка, а минатиот месец таа свирела со Стјепан Хаусер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг