Би носеле ли асиметрични фармерки?

Fashionel.mk

15/01/2019

16:12

2.025

Големина на фонт

а а а

Кога станува збор за нови трендови, повеќе ништо не треба да не изненадува.

Токму таков е и случајот со последниот тренд што зема сè поголем замав на социјалните мрежи, а тоа се асиметричните фармерки за кои сè уште не можеме да се одлучиме дали нѝ се допаѓаат.

Иако досега можевме да видиме слични модели од познатите брендови како Vetements и Y Project, украинската дизајнерка Ксенија Шнајдер направи фармерки што за кратко време направија бум на социјалните мрежи.

Познатата манекенка Бела Хадид е голема обожавателка на дизајнерката, па голема е веројатноста дека многу скоро ќе ја видиме во нејзините модели. 

Неодамна модниот магазин Вог објави статија во која пишува дека токму овие фармерки ќе бидат следниот голем тренд, па останува да видиме дали нивната прогноза е точна. 

Дали вие би ги носеле овие фармерки?



Спонзорирани линкови

Маркетинг