Погледнете како изгледа новиот Passat за американскиот пазар

Точка

15/01/2019

16:49

4.476

Големина на фонт

а а а

Фолксваген детално ја промени надворешноста и внатрешноста на Passat, иако сепак не може да се каже дека станува збор за целосно нова генерација, туку пред се за рестилизација на актуелниот модел.

Passat во САД е далеку од тоа што е Passat во Европа, па со самото тоа овој модел на германски Фолксваген е поинаков. Од Фолксваген одлучија да направат рестилизација на својот модел, пред се поради фактот што Форд најави повлекување од тој сегмент, па јасна е желбата на Германците да го потполнат испразнетиот простор.


Новиот „американски“ Passat доби нов дизајн на решетката, а промените се евидентни и во внатрешноста на автомобилот каде што има нов дизајн на отворите за вентилација, а сместена е и најновата генерација на инфотејнмент системот на Фолксваген.


Што се однесува до тоа што се наоѓа под хаубата, се чини дека во понудата ќе има само еден агрегат. Станува збор за 2-литарски турбо мотор кој развива 176 коњски сили и 280 Nm максимален обртен момент. Силата на предните тркала се пренесува со шестостепен автоматски менувач.

Претставувањето на новата генерација на американскиот Passat е закажано за Саемот на автомобили во Детроит.




Спонзорирани линкови

Маркетинг