Раул: Само на еден начин ќе имаме шанса со Шпанија

Дерби

15/01/2019

18:45

2.971

Големина на фонт

а а а

Македонската репрезентација нема активности во текот на денешниот ден или поточно нема натпревар, но затоа се прават подготовките за двата клучни мечеви против Шпанија и Исланд кои се на програмата утре и задутре.

Селекторот Раул Гонзалес е свесен дека не очекува тежок предизвик, но се оди чекор по чекор и првиот тест е „црвената фурија“. Тој ја препушта фаворитската улога на неговите сонородници, ама верува дека има можеме да им се спротиставиме и тоа под еден услов, да одиграме на високо ниво, онака како што знаеме.

-Кога играш против селекции како Шпанија, Хрватска, Германија, Франција… треба да одиграш без грешка, кога ќе имате шанса за гол треба да дадете гол. Ние не изигравме толку лошо, имавме шанси во второто полувреме кога беше три разлика. Загубивме од Хрватска, но сега треба да се фокусираме на Шпанија. Ние треба да одиграме како што знаеме, само така ќе имаме шанса затоа што Шпанија има искуство, квалитетни играчи, тие се фаворити. Знаеме како играат, ќе видиме што ќе се случи. Шпанија не блескаше на СП, ама кога и да посакаше и кога беше потребно играше на висико ниво. Знаат тие како да играат на големата сцена, -истакна Гонзалес.

Утрешната средба со Шпанија се игра од 20:30 часот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг