Гладна поларна мечка стигнала до една од најсмртоносните машини на овој свет, во потрага по храна - руска подморница која пренесува нуклеарни проектили.
Мечката е фотографирана откако скокнала на подморницата, недалеку од норвешкиот Свалбард. Малку душкала околу пловилото, а на екипажот му било кажано да остане внатре.
Ова не е првпат да бидат забележани мечки како пребаруваат низ отпад или да шетаат по, за нив невообичаени територии, бидејќи се гладни. Се смета дека климатските промени се една од причините за недостаток на храна.
Сепак, новинарката од Национална географија, која ја снимила оваа сцена, вели дека можно е мечката едноставно да е стара, болна или повредена и дека „не може туку-така да се каже дека е изгладнета поради климатските промени“.