Тереза Меј доживеа голем пораз, парламентот го одби нејзиниот предлог за брегзит

Макфакс

15/01/2019

21:08

5.080

Големина на фонт

а а а

Британските пратеници вечерва гласаа против предлогот на премиерката Тереза Меј за договор за излез на Велика Британија од Европската Унија, објави Гардијан.

Против предлог договорот за брегзит кој британската Влада го усогласи со Брисел, гласаа 432 пратеници, а 202 го поддржаа. 

Вечерашната одлука ќе го дефинира начинот за излез на Британија од ЕУ и ќе го одреди правецот во кој ќе се движи нејзината економија. 

Меј во пресрет на гласањето уште еднаш ги повика пратениците да го поддржат договорот, нагласувајќи дека се работи за историска одлука со која земјата ќе живее со генерации. 

Лидерот на опозицијата, Џереми Корбин повика на гласање недоверба на Владата на премиерката Меј, што би можело да доведе до Општи избори во земјата, пренесе Би-би-си.



Спонзорирани линкови

Маркетинг