Како што пренесуваат италијанските медиуми, Арон Ремзи во петок би требало да стави потпис на четиригодишен договор со Јувентус.
Ремзи наводно веќе ги договорил сите услови со италијанскиот клуб и по крајот на сезоната како слободен играч ќе се пресели во Торино, откако не се договори со челниците на Арсенал за продолжување на соработката со лондонскиот клуб.
Според италијанските медиуми, Ремзи ќе потпише четиригодишен договор со торинскиот клуб и ќе заработува околу четири милиони евра.
Засега не е познато дали Ремзи веднаш ќе се пресели во Јувентус или пак тоа ќе се случи по крајот на сезоната. Наводно постоела и опција за Велшанецот уште овој месец да се пресели во Торино, но во тој случај Јувентус ќе треба на Арсенал да им исплати околу 20 милиони евра.