Васкез изведе нереална магија по додавање од Иско, видеото експресно стана топ тема на интернет

Дерби

16/01/2019

11:20

1.773

Големина на фонт

а а а

Лукас Васкез го пропушти натпреварот против Бетис на „Бенито Виламарин“ поради црвениот картон кој го заработи на мечот со Реал Сосиедад, но сега пред денешното гостување кај Леганес во Копа дел Реј стана вирален хит на социјалните мрежи во Шпанија поради еден потег на последниот тренинг.

Крилото на европскиот шампион изведе еден нереален прием по една долга топка која ја доби од Иско Аларкон на тренингот, а допирот со топката беше до толку магичен и воедно луд, што дури и официјалниот профил на Реал Мадрид ја сподели фудбалската мајсторија која брзо ја обиколи фудбалската јавност на Пиринеите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг