Нов удар за Арсенал: Си заминува еден од најважните луѓе во клубот

Дерби

16/01/2019

11:23

1.420

Големина на фонт

а а а

Од таборот на Арсенал веројатно ќе останат без човекот на кого многу му се радуваа кога пристигна во клубот пред година и половина.

Првиот човек на скаутинг тимот на Арсенал, Свен Мислинтат ќе го напушти клубот затоа што решил дека неговата иднина не е во Арсенал.

Германецот претходно десет години беше дел од Борусија Дортмунд, а во неговата земја го нарекуваат „Дијамантско Око“ затоа што во минатото открил еден куп играчи кои во моментов се големи ѕвезди на светскиот фудбал.

„Скај Спортс“ пренесува дека поранешниот фудбалер на Арсенал, Еду се поврзува со позицијата на Мислинтат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг