Квеирош заминува од Иран и седнува на клупата на селекција која е редовен учесник на големите натпреварувања

Дерби

16/01/2019

11:25

1.066

Големина на фонт

а а а

Поранешниот тренер на Реал Мадрид и селектор на Португалија кој најмногу ќе остане запаметен како помошник на Сер Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед, Карлош Квеирош ќе стави крај на седумгодишната авантура како селектор на Иран.

Веднаш по Азискиот куп Квеирош веројатно ќе седне на клупата на селекцијата на Колумбија која во моментов е без селектор.

Тоа го потврди и потпретседателот на Фудбалската федерација на Колумбија, Алваро Гонзалез кој за локална радио станица во Колумбија потврди дека договор со Квеирош е блиску и дека истиот би требало да биде парафиран следната недела.

- Се сретнавме два пати и Квеирош ми остави навистина добар впечаток - кратко одговори Гонзалез.



Спонзорирани линкови

Маркетинг