Славната пејачка поднела тужба против својот татко поради искористување на нејзиното име

Точка

16/01/2019

12:07

2.812

Големина на фонт

а а а

Популарната пејачка Ријана го тужела својот татко Роналд Фенти, бидејќи го искористил нејзиното име за да напредува со својот бизнис, пренесува BBC.

Ријана тврди дека Фенти и неговиот бизнис партнер лажеле дека таа има врска со нивната фирма под името Fenty Entertainment. Со тоа ја измамиле јавноста и му наштетиле на брендот Fenty, се наведува во тужбата. 


Пејачката од судот побарала да му забрани на Fenty Entertainment користење на името на нејзиниот бренд Fenty, бидејќи тоа име е во нејзина сопственост.

Ријана е во лоши односи со својот татко кој компанијата ја основал во 2017 година во Калифорнија со партнерот Мосес Перкинс. Таа компанија минатата година на својата интернет страница ја наведе соработката со Ријана иако таа воопшто не прифатила такво нешто ниту била дел од таа соработка.


Fenty Entertainment исто така преговараше за 15 настапи на Ријана во Латинска Америка вредни 15 милиони долари без нејзина дозвола, што исто така е напоменето во тужбата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг