40 милиони евра отштета бара Цаноски за уривањето на „Космос“

Макфакс

16/01/2019

12:12

1.896

Големина на фонт

а а а

На денешното судско рочиште за предметот на СЈО, „ТНТ“ за уривањето од политичка омраза на комплексот „Космос“, бизнисменот Фијат Цаноски најави дека ќе бара отштета од 40 милиони евра, колку што ги проценил неговите загуби од уривањето на станбено-деловниот комплекс.

Цаоноски рече дека нивната штета била утврдена според неколку вештачења. Случајот е во доказна и постапка и денешното рочиште продолжи со читање на доказите на сведоците Мери Станчевска, која е недостапна, како и од Трајко Трпевски кој починал во јули лани.

Исказите од двајцата сведоци се однесуваат на уривањето на „Космос“, оти тие биле сопственици и вработени во дел од фирмите кои го уривале објектот.

Обвинети за овој случај се експремиерот Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, и уште 4 други лица.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг