Карлеуша го моли Вучиќ да ја реши неправдата заради нејзините деца

Макфакс

16/01/2019

12:15

10.399

Големина на фонт

а а а

Српските медиуми во понеделникот објавија експлицитни фотографии на кои е, како што велат, Јелена Карлеуша (40) и со тоа започна приказната дека пејачката го изневерува сопругот фудбалер Душко Тошиќ (33) и тоа со репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Огњен Врањеш (29).

Бидејќи пејачката веќе не може да ги запре злобните коментари на своја сметка, за помош се обрати до српскиот претседателот Александар Вучиќ (48).

Таа преку „Твитер“ го моли да ја спречи хистеријата околу наводните фотографии на кои се наоѓа, првенствено заради нејзините деца.

„Господин Вучиќ, може ли јавно да ве замолам да ми помогнете и да го запрете ова лудило и неправда? Ако не заради мене, тогаш заради моите деца, сопругот, болната мајка … Ве молам. Отиде премногу далеку“ објасни Јелена.

##https://twitter.com/karleusastar/status/1085293388516085760##


На социјалните мрежи објави фотографија на која шета во Кина со сопругот и ќерките. Обожавателите се надеваат дека оваа „афера” нема да влијае врз нивниот брак.

Во меѓувреме, фудбалерот на Андерлехт сè уште тврди дека на спорните фотографии е токму пејачката.





Спонзорирани линкови

Маркетинг