Србин настрада во снежното невреме во Австрија

Макфакс

16/01/2019

12:42

1.559

Големина на фонт

а а а

Во снежното невреме во Австрија бројот на загинати постојано расте, а денеска власитите потвредија уште еден случај за еден српски државјанин.

Станува збор за 47-годишен Србин кој, како што пренесуваат спрксите медиуми починал откако голема маса снег ги потрупала него и уште тројца негови колеги кои стоеле на покрив од куќа во Салцбург.

Постојаните снежни врнежи, се наталожени на покривите од куќите и претставуваат закана за нивно оштетување, и од таа причина локалните власти наредиле редовно чистење на снегот од покривите во погодените области, се со цел да не се создадат дополнителни штети.

47-годишниот маж, кој работел во градежна фирма, заедно со своите колеги, требало да го исчистат снегот од покривот на куќата, но врз куќата паднала огромна количина на снег, а работниците од јачината на ударот паднале од покривот кој бил висок околу шест метри.

Минувачите и соседите, веднаш почнале да копаат во снегот за да ги спасат работниците, по што бил повикан и црвениот крст, кој дошол на местото на несреќата заедно со итна помош и тим за крини ситуации, и 20 пожарникари.

Во несреќата почина српскиот државјанин, додека двајца негови колеги се здобиле со полесни повреди, а еден од нив не бил повреден воопшто.

Во моментот повеќе од 1.100 војници учествуваат во расчистувањето на снежните наноси во земјата. Пред неколку дена лавина се сруши врз куќа во близина на шумскиот пат во австрискиот Форарлберг. Шумскиот пат е затрупан, но изгледа куќата не е оштетена. За среќа, никој не е повреден.

Снежните врнежи парализираа делови од Европа во изминатите неколку дена, а снегот продолжува да предизвикува големи проблеми за граѓаните на Германија, Австрија, Шведска и Швајцарија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг