Еди Рама си додели уште една функција

Макфакс

16/01/2019

13:13

981

Големина на фонт

а а а

Албанскиот премиер Еди Рама одлучи да ја преземе и должноста шеф на дипломатијата, зашто претседателот на Албанија одби да го потврди именувањето на Гент Чaкај, кој требаше да го замени Дитмир Бушати, кој беше сменет.

Како што пренесува „Балкан инсајт“, Мета одбил да го потпише указот за именување на Чакај за министер со образложение дека нема доволно кредибилитет за така висока функција, а Рама на Твитер напиша дека неговиот потег е во спортивност со Уставот и дека со тоа ќе се занимава Уставниот суд.

„До тој ден на таа позиција де јуре, ќе бидам јас, бидејќи немаме време за губење“ нагласи Рама.

„Балкан инсајт“ оценува дека не е вообичаено премиерот да обавува и министерска функција, но исто така додава и дека пред Илир Мета не бил забележан случај претседател да одбие да именува министер предложен од премиерот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг