Патиките од филмот "Back to the Future" повторно на некој начин станаа реалност, бидејќи компанијата Nike претставни нови модели на патики кои можат да се управуваат со помош на смартфон.
Патиките се дизајнирани за кошарка и се програмирани да запомнат различни подесувања кои корисниците можат подоцна брзо да ги менуваат зависно од ситуациите како што се одмарање покрај теренот или играње.
Корисниците ќе можат да го прилагодуваат светлото и да преземат надоградби.
Од Nike соопштено е дека тие патики мора да се полнат, како и дека со нив следува полнач. Компанијата планира да ја прошири оваа технологија и за други спортови и видови на облека во иднина.
Nike во 2016 година на пазарот понуди самоповрзувачки патики инспирирани токму од оние во филмот "Back to the Future Part II", кои ги носел Марти Мекфлај. После тоа следуваа низа на модели на вакви патики за спортисти кои биле дел од серијата Hyper Adapt.
Цената на овие Nike патики изнесува 350 долари.