Анастасија Квитко: “Мојот задник е широк повеќе од еден метар”

Супермен

16/01/2019

18:26

12.826

Големина на фонт

а а а

“Ќе бидам побујна, поубава и подобра од Ким Кардашијан, овој пат ја предизвикувам на двобој”, изјавила руската манекенка Анастасија Квитко која ги нарекува своите облини “потполно природни”.

Нејзината трансформација траела само пет години, а наводно нејзиниот задник ѝ бил широк повеќе од еден метар, односно 105 центиметри. 

“Моите пропорции се совршени, градите ми се 96 центиметри, а струкот ми е 63 центиметри”, објаснила таа.

Квитко, која со манекенство започнала да се занимава од 17-та година, повеќе пати била “фатена” како ги фотошопира своите фотографии на Инстаграм. Но, таа и понатаму тврди дека сѐ на неа е природно.

“Моето тело е спортско, мускулите на бутовите ми се истренирани, а мојот задник е најубав. Немам направено ниту една пластична операција додека сите знаат дека Ким има правено пластична операција на својот задник”, изјавила бујната Русинка.

Анастасија е вегетаријанка и избегнува брза храна. Сепак, експертите велат дека ваквиот изглед е невозможно да се постигне без пластична операција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk