Четвртина од мажите и третина од жените тврдат дека прерано ја изгубиле невиноста

Супермен

17/01/2019

10:39

2.650

Големина на фонт

а а а

Лицата кои сѐ уште не го имале своето прво сексуално искуство не би требало да се срамат поради тоа. Според нова анкета, лицата кои не брзаат да ја изгубат невиноста подобро се чувствуваат поради таа одлука.

Имено, истражувачите откриле дека повеќе од третина од жените и четвртина од мажите не биле задоволни со првото сексуално искуство, бидејќи не ја изгубиле невиноста во вистинско време. 

Во истражувањето учествувале 3.000 лица кои одговарале на прашањето кога за првпат стапиле во сексуални односи. Сите испитаници на годишна возраст од 17 до 24 биле од Англија. Резултатите до кои истражувачите дошле се дека 40% жени и 26% мажи не го имале првото сексуално искуство во вистинско време. Многумина нагласиле дека би било подобро доколку тоа се случело подоцна.


Истражувањето исто така покажало дека половина од испитаниците својата невиност ја изгубиле на 17 години. Како причина за нивната одлука го истакнале притисокот дека треба да го направат тоа. Тоа го потврдија 20% од жените и 10% од мажите.

Покрај тоа, не сите лица се подготвени да ја изгубат невиноста во исто време.

"Секоја млада личност е различна, некои 15 годишни деца се можеби повеќе подготвени од некои 18 годишни деца за своето прво сексуално искуство", рекла Кај Велингс, професорка за истражувањето на сексуално и репродуктивно здравје.


Истражувачите веруваат дека ова истражување ја наговестува потребата за подобра сексуална едукација, односно веруваат дека младите посебно треба да обрнат внимание на тоа дали се подготвени за губење на невиноста и да се научат како да комуницираат за овие теми со своите потенцијални партнери.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk