McLaren 600LT Spider: 315 км/ч. со “ветер во коса”

Супермен

17/01/2019

13:55

1.158

Големина на фонт

а а а

McLaren наведува дека 600LT Spider има склоплив тврд кров чиј механизам ја зголемува вкупната маса на возилото за 50 килограми во однос на 600LT Coupe.

За погон е употребен ист 3.8-литарски твин-турбо V8 кој го покренува купе варијантата од 2018 година. Автомобилот ги поседува истите спецификации на моторот – 600 коњски сили и 620 Nm максимален вртежен момент. 


Силата се пренесува на тркалата со помош на 7-брзински автоматизиран менувач со двојно квачило, а автомобилот од 0-100 км/ч. стигнува за 2,9 секунди, додека за постигнување на брзина од 200 км/ч. му се потребни 8,4 секунди.

Максималната брзина со подигнат кров изнесува 324 км/ч., а со спуштен кров е електронски ограничена на 315 км/ч.

Највоочливата разлика во дизајнот помеѓу купето и кабриолетот претставува тврдиот склоплив кров кој се состои од три елементи. Тој се спушта (или подигнува) со притискање на копчето во кокпитот, а двете операции можат да се изведуваат и во движење, при брзина до 40 км/ч.


За новата екслузива на McLaren потребно е да издвоите 256.500 долари, без дополнителните опции, од кои некои како што е пакетот “MSO Clubsport” кој нуди тркачки седишта од јаглеродни влакна од моделот Senna, изнесуваат над 20 илјади долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk