Јован Јованов: Тука само небото е граница

Точка

28/01/2019

11:13

4.553

Големина на фонт

а а а

Јован Јованов – композитор, изведувач и еден од оние кои изминативе години побараа пошироко поле за докажување и надградување во кариерата, живее и работи во Торонто, Канада. Не дека овде не заработуваше доволно, но за него Северна Америка има одличини можности токму за неговата професија. Така што сега има сопствено музичко студио каде го работите истото што и во Македонија, но далеку поисплатливо. Што мислите размислува ли да се врати?

Какви можности нуди Северна Америка за кариерен развој?

Цела Северна Америка има одлични можности за мојата професија. Тука само небото е граница. Канада е одлична држава преку која можеш да успееш и на светско ниво. Тоа е тоа што јас цел живот го замислував и сакав. Јас сум среќен што за кратко време овде работам со многу клиенти, имам свое професионално стурио, отворив и компанија со која се надевам дека ќе ги остварам моите цели и визии. Напредувам и се надевам на голем успех. Конечно се чувствувам дека не сум лимитиран и ограничен.

Каков е стандардот, дали е доволна заработувачката за потрошувачката?

Стандардот е висок. Животот може да биде многу скап. Да заработуваш многу и да трошиш многу. Мислам дека цените на куќите во Торонто се малку преценети во споредба со некој градови од Америка. Во последниве 4,5 години нагло рипна целиот пазар, а платите не се зголемени доволно за овој стандард.


Предноста на уметниците е тоа што сами си го планираат времето. Но, кога ќе се спомене странство, општиот впечаток кај нас е дека таму многу се работи и нема време за секој ден, а по некогаш и по трипати на ден за кафе ха ха ха.. Имаш ли доволно слободно време?

Нормално дека има време за се. Треба само добро да го распоредиш. Забава има колку сакаш. Мојата професија е флексибилна така да имам јас време и за кафе, излегување, шетање и дружење.

Генерално мене целиот ден ми е исполнет со разни обврски. Во тоа време се и семејните обврски и излегувањето со соработници и пријатели. Ако имам екстра време најверојатно сум на Инстаграм или повторно во Студио.


Атракции што би требало да ги посети секој турист?

Па, можам да кажам дека најголема атракција во околината на Торонто се водопадите на Нијагара. Најчесто туристите одат прво нив да ги видат. CN TOWER е како заштитен знак за Торонто. Целата Канада генерално има многу езера, паркови, шуми и чист воздух. Убаво е да се посети и доживее.


Торонто е супер град. Доволно голем, ама не преголем. Посебно во летниот период е многу раздвижен. Мене лично многу ми се допаѓа. Нуди секакви можности за работа и за забава.

Би се вратил во Македонија?


Да, би се вратил да ги посетам моите блиски. За да живеам, не.

Автор: А.В.



Спонзорирани линкови

Маркетинг