Посебно е чувството кога гледаш среќен и задоволен човек од успехот во својата кариера и остварувањето на своите цели и замисли. Ксенија е една млада писателка која неуморно ги мотивира и инспирира своите читатели, кои воопшто не се бројка за потценување.
Во продолжение дознајте нешто повеќе за нејзиниот живот, нејзината инспирација и ставот кон наметнатите стандарди.
Моето творење започна сосема спонтано. Јас отсекогаш пишувам, но не сум очекувала дека од тоа ќе излезе ова што денес ми се случува. Навистина сето тоа имаше некој неочекуван пат, работите како сами да се случуваа, една работа водеше кон друга и некако среќата беше на моја страна низ целиот процес. Многу сум среќна што денес моите зборови некому се битни и што мене ми се сè уште исто толку битни како и тогаш кога никому не биле, дури и повеќе.
Кај мене не постои. Пишувам кога имам што да кажам, но кога сум во процес на пишување на роман (како сега), се трудам да пишувам речиси секој ден, затоа што инспирацијата и онака ми е веќе во главата и приказната секогаш ја имам однапред веќе напишано во мислите.
Дефинитивно изразените емоции допринесуваат во оваа работа. Но, не мора да значи дека тагата е клучниот момент за инспирација и длабочина. Сè околу нас инспирира, навистина, инспирацијата е нешто кое спонтано се случува и таа се претвора од една форма во друга. Ништо нема апсолутно точно кога станува збор за инспирацијата, таа не може да се анализира и објасни. Она што е важно е дали е вистинска, бидејќи вистината во оваа професија е најважна, а кога зборувам за вистината не мислам на тоа дека уметникот твори врз база на вистински моменти, туку дека уметникот твори од едно вистинско место во себеси.
Ми се обраќаат и јас тоа најмногу го ценам. Секој може да стигне до мене и секој може да ме праша било што. Ме прашуваат најразлични работи, а јас одговорам доколку имам што да кажам, се разбира. Убаво е луѓето кои ме читаат да ме чувствуваат за блиска, бидејќи јас тоа и навистина сум им, блиска и доближена, благодарение на поврзаноста која се развива помеѓу мене и моите читатели.
Не знам ни што е тоа тренд, за мене постои само вкус и стил. Она што мене ми се допаѓа, она во кое јас се пронаоѓам е единствениот тренд кој може да постои во мојот свет. Човекот треба да биде удобен во својата кожа и да биде автентичен, да биде свој и препознатлив. Секој има право да се однесува како сака и јас сè можам да разберам, но конкретно за мене, јас има одреден начин на функционирање во секоја смисла на зборот и тоа е она што ја бележи мојата личност. Јас се менувам, се подобрувам, растам како личност и ништо не е апсолутно точно, бидејќи утре може да посакам да носам, кажам или направам нешто кое не сум можела да го замислам денес. Тоа е убавината на животот, луѓето растат и посакуваат други хоризонти.
Мислам дека е интересен правец и дека е освежување на поезијата како целина. Никој не треба да има забелешки за уметноста, едноставно може да ми се допадне или да не ми се допадне. Но уметноста значи слобода, значи транспарентност, никој нема право да ја суди и распрашува уметноста, или да бара причини за истата.
Ја промовирав во декември пред една година, промоцијата беше прекрасна, со мојата издавачка куќа Култура направиме убава приказна и многу ми е драго што тој ден секогаш ќе ми остане во сеќавањето како еден од најубавите денови во мојот живот. Книгата се продава во книжарницата Култура и може да се нарача и онлајн на нивната страна. Емотивен манипулатор доживеа успех и мене сè уште не ми се верува дека мојата приказна допре до толку многу луѓе. Чувството е прекрасно и бесценето. Моментално работам на мојата најнова книга која ќе ја промовираме напролет. Таа ќе биде сосема поразлична од сè досега и одвај чекам да видам како ќе оживее таа приказна.
Можеби имам, но таа се менува и се трансформира. Имам лик кој ме инспирира, кому му се восхитувам, а истовремено се трудам да го разберам и затоа го обвивам со зборови.
Разбирање, почит, поддршка, хумор, емпатија.
Слушам сè што ми се допаѓа. Ако треба да издвојам три песни, најверојатно тоа би биле: Liberian Girl (Michael Jackson), How come, how long (Baby Face, Steve Wonder) и Shallow (A star is born, Lady Gaga, Bradley Cooper).
Да. Вежбам различи работи периодично, кардио со трчање или орбитрек, пилатес или аеробик.
„Проблемот е во тоа што вистината не се прераскажува, а лагата секогаш.“
Автор: Цеце Николова
Фотографии: Ерина Богоева