Спец. д-р Адела Стефанија: Измените на законот за прекинување на бременоста и ги зголемуваат правата на жената

Точка

01/02/2019

10:40

10.019

Големина на фонт

а а а

Владата на Република Македонија го прифати и усвои новиот Предлог-закон за прекинување на бременоста, кој ќе биде доставен во Собранието на РМ. Законот е подготвен од Министерството за здравство. По тој повод разговараме со спец. Д-р Адела Стефанија од Клиниката за гинекологија и акушерство.

Што предвидуваат Измените на законот за прекинување на бременоста?

Д-р Адела Стефанија: Измените на Законот за прекинување на бременоста кои треба да бидат применети по објавувањето во Службен весник апсолутно ја ставаат волјата и правото на жената за самостојна одлука за абортус.Се укинува времето на чекање од 3 дена со задолжително советување,како и административните процедури кои се задолжителни пред интервенцијата.Заради тоа,се подразбира дека имаше потреба за промени на законот од 2013 година. Ворочем,секоја промена која оди во прилог на безбеден и поедноставен начин на остварување на правото на жената за абортус во соодветна институција која има правна норма за спроведување на таа интервенција треба да биде подржана.

До која гестациска недела може да се прекине бременоста со измените?

Д-р Адела Стефанија: Абортус по дефиниција на СЗО е секоја бременост до 22 гестациска недела,а после таа недела е породување.Според тоа абортус може да се изврши до 22 гестациска недела по сооствена желба на жената. Но,ова не важи за прекин на бремености со медицински поставени индикации,конгенитални малформации, состојби кои го загрозуваат животот на мајката,силување и.т.н. Но, за сите останати прекинувања на бременоста заради медицинска индикација постои посебна комисија.

Кои се ризиците и последиците од прекинувањето на бременоста?

Д-р Адела Стефанија: Во однос на постапката за прекин на бременоста во зависност од гестациската недела, дали ке биде абортус во еден или два акта,и процентот на компликации се зголемува.Ризикот и компликациите од абортус ако е изршен во несоодветна здравствена установа се зголемуваат.Ризици се појава на инфекција,заостанување на дел од плацентарните маси, перфорација, сепса, појава на секундарен стерилитет,крварење.Со претходна согласност и информирање на пациентката која што треба да и ги предочи сите можни ризици и компликации од прекинот на бременоста, како и да и се даде можност за да размисли пациентката.

Колку е присутен во Македонија селективниот абортус?


Д-р Адела Стефанија: Селективен абортус е според изборот на плодот на бебето дали ке се прекине бременоста.Во нашата земја секоја жена има право на одлука за абортус,но мислам дека се поретко се случува полот да е главен фактор дали ке биде сакана или несакана бременоста.Ваквиот тип на абортуси се најпознати во Кина и Индија од азиските земји,но стана популарен и во Европа особено во Албанија,Ерменија,Азербејџан и Грузија.Селективниот абортус односно желбата да се има барем едно машко дете,во однос на женско дете мислам дека треба се помалку да се применува,а тоа ке се случи со растењето на свеста и можноста за почитување на волјата на жената.Со самостојната одлука на жената би се намалил и бројот на селективните абортуси,заради што тоа е дефинитивна дискриминација на половите уште пред раѓање.


Кои се методи на контрацепција?

Д-р Адела Стефанија: Според СЗО поимот контрацепција значи спречување на несакана бременост и прекинување на природните процеси на репродукција.Се користат контрацептивни средства и методи кои може да се поделат на природни методи,механички,хемиски контрацептивни средства,хормонска контрацепција,интраутерина контрацепција и стерилизација.Најчесто користени се природниот календарски метод кој апсолутно е небезбеден за спречување на несакана бременост,кондомот како најпопуларен за заштита и од сексуално преносливи болести со процент на неуспех 3-4%,,хормонска таблетарна терапија која е безбедна ако се зема правилно.Тука би ја спомнале и ургентната контрацепција која што е таблетарна и се зема во првите 24-48 часа после незаштитени сексуални односи.Ако жената не планира идни бремености,односно завршила со репродукција најдобро е да се користи спирала која што ја става гинеколог и штити од несакана бременост во период од минимум 5 години и повеке во зависност од типот на спиралата.

(А.В.)



Спонзорирани линкови

Маркетинг