Немаше лајкови, почетна страница ниту чет: Еве како се менуваше најпопуларната социјална мрежа во изминатите 15 години

Супермен

07/02/2019

10:29

2.411

Големина на фонт

а а а

Пред 15 години, на 4-ти февруари 2004 година, во студентската соба на Закерберг на Харвард е основан Фејсбук кој оттогаш оствари незамислив успех, привлекувајќи 2,3 милијарди корисници.

Според постоечките податоци, 46,7 отсто од корисниците на интернетот односно нешто повеќе од 23 отсто од светската популација користи Фејсбук. Во изминатите 15 години, Фејсбук доживеа бројни промени што се однесува до дизајнот, но она по кое оваа социјална мрежа остана препознатлива е сината боја. 

Погледнете како Фејсбук се менуваше низ годините:

Во 2004 година, Фејсбук во името го содржеше и зборот “The” и беше достапен само на некои факултети во САД.


Во 2005 година, “The” беше исфрлено од името, а Фејсбук стана достапен и во средните училишта.


Во 2006 година, Фејсбук му стана достапен на светот и настана логото кое до ден-денес не е променето.


Во 2007 година, Фејсбук веќе имаше 50 милиони корисници.


Во 2008 година стана достапна и апликацијата Фејсбук, а истата година беше воведен и четот.


Во 2009 година се појави и лајкот.


Во 2010 година, Фејсбук надмина 500 милиони корисници.


Во 2011 година е воведена една од најголемите промени во дизајнот на Фејсбук, тајмлајнот и почетната страница.


Во 2012 година се појавија и насловните фотографии, а Фејсбук започна да го добива изгледот кој го препознавате денес.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk