"Тато сакам да скокнам од кровот": Тој е еден од најхумористичните глумци, но неговото минато е повеќе од мрачно

Супермен

07/02/2019

10:20

2.393

Големина на фонт

а а а

Ештон Качер е роден во 1978 во Сидар Репидс, неговата мајка е Дајана, а татко Лери М. Качер. Лери е наследник на чешките доселеници, а мајката има чешки, германски и ирски корени.

Качер има постара сестра Таша и брат близнак Мајкл кој како дете направил трансплантација на срце. Мајкл исто така боледува од церебрална парализа, но тоа не го спречува да работи како портпарол во адвокатска организација. Неговите здравствени проблеми и тоа како влијаеле на Ештон кој на 13 години сакал да се убие со цел да му го подари срцето на својот брат. 


Тој му рекол на својот татко дека сакал да скокне од покривот на болницата. За среќа, Мајкл многу брзо доби срце и трансплантацијата беше завршена. Пред да матурира Ештон провалил во средното училиште со намера да украде пари, но набрзо бил уапсен. Осуден бил на условна казна и 180 часа социјална работа. Во едно од своите интервјуа рекол дека таа казна го научила многу работи во животот, ја изгубил девојката и стипендијата за продолжение на школувањето, така што бил обележан за цел живот со тоа што го направил.


Во август 1996 година се запишал на Универзитетот во Ајова. Планирал да стане биохемиски инженер за да пронајде лек за болеста на својот брат. Сепак, веќе на почетокот управата на студентскиот дом каде престојувал го исфрлила, бидејќи премногу правел бучава. Признал дека немал поим што прави, но сметал дека тоа е исправно. За да заработи пари за школувањето работел студентски работи.

За време на студирањето му пришол претставник на модна агенција после што победил на едно модно натпреварување. Тогаш одлучил да го напушти факултетот и да се пресели во Њујорк.


Успешната моделинг кариера го доведе до глума. Славата ја стекна во популарната ТВ серија "Весели седумдесети", кој го глумеше момчето на Мила Кунис. Таа признала дека со него за првпат во животот се бакнала за потребите на серијата. Денес се венчани и заедно имаат две деца.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk