Горица Дачевска: Морбилите можат да се поминат многу лесно, но да бидат и фатални

Точка

08/02/2019

10:23

5.691

Големина на фонт

а а а

Секојдневната појава на нови лица заболени од морбили, неодамна прогласената епидемија и последиците пред се од заболувањето од мали сипаници, се сосема доволни причини да поразговараме со дерматологот д-р Горица Дачевска.

„Малите сипаници може да се поминат многу лесно, но и да предизвикаат воспаленија и сериозни компликации, па и да бидат фатални кај организми со слаб имунитет. Тие се шират преку директен контакт и по воздух, преку кашлица и кивање. Се сметаат за лесно преносливи. Кај 20 отсто од случаите се случува воспаление на белите дробови, или морбилиозна пневмонија“ – објаснува за Точка, Дачевска.

Што ги предизвикува морбилите?

Д-р Горица Дачевска: Мали сипаници или морбили е високо инфективна болест на респираторниот систем предизвикана од вирус од групата миксовируси (paramyxovirus), од родот Morbillivirus.

Кои се симптомите?

Д-р Горица Дачевска: Морбили е високоинфективна болест на респираторен систем предизвикана од вирус од групата миксовирус (Morbillivirus). Симптомите вообичаено се јавуваат во периодот од 10 до 12 дена после изложувањето и траат 7-10 дена. Иницијалните симптоми вклучуваат треска, температура поголема од 40 степени, кашлица, течење на носот и воспалени очи.


Какв промени настануваат на кожата?

Д-р Горица Дачевска: Вообичаено се јавува црвен осип на лицето, а подоцна се проширува на остатокот на телото 3 до 5 дена по почетокот на симптомите.

Каков е третманот ?

Д-р Горица Дачевска: Не постои специфичен третман доколку едно лице се зарази, меѓутоа негата може да го подобри исходот. Третманот се состои од редовно туширање, давање орален раствор за рехидратација, здрава исхрана и лекови за контрола на треската. Антибиотици може да се дадат доколку се развие секундарна бактериска инфекција.

Кои се последиците?

Д-р Горица Дачевска: Епидемиолозите објаснуваат дека има причини зошто толку се зборува за морбилите. Малите сипаници може да се поминат многу лесно, но и да предизвикаат воспаленија и сериозни компликации, па и да бидат фатални кај организми со слаб имунитет. Тие се шират преку директен контакт и по воздух, преку кашлица и кивање. Се сметаат за лесно преносливи. Кај 20 отсто од случаите се случува воспаление на белите дробови, или морбилиозна пневмонија. Ако таа не се лекува навреме, може да се искомплицира и поради друга бактериска инфекција. Морбилите може да предизвикаат морбилиозен енцефалитис, или воспаление на мозокот.

Како се толкува тоа што и деца кои ја примиле вакцината се заболени?

Д-р Горица Дачевска: Се смета дека две дози на вакцина против мали сипаници овозможуваат висок заштитен ефект кај вакцинираните лица и затоа и Светска здравствена организација препорачува најмалку две дози на вакцина за заштита од заболувањето. Непотполно вакцинираните кои имаат примено само една доза вакцина, се непотполно заштитени и можат да заболат од мали сипаници кога ќе дојдат во контакт со вирусот, односно со заболено лице. Смета дека вакцинираните лица пред многу години или децении се во поголем ризик да заболат отколку лицата кои примиле една доза вакцина во последните неколку години, бидејки со тек на време можно е да настане т.н. трошење односно намалување на имунитетот, или заштитниот ефект на вакцината.


На која возраст најчесто се изложени на заболување од морбили?

Д-р Горица Дачевска: Деца помлади од шест (6) месеци, ако мајката не е заштитена од мали сипаници (не е вакцинирана или не прелезала мали сипаници);

• деца на возраст од 6 до 12 месеци (кои не примиле вакцина против мали сипаници)

• луѓе со ослабен имунитет (на пример, тие што имаат хронични заболувања, се лекуваат со хемотерапија или висока доза на стероиди).

Вие сте заштитени ако во минатото сте прележале мали сипаници или сте примиле две (2) вакцини против мали сипаници.

Автор: А.В.



Спонзорирани линкови

Маркетинг