Видео кое го шокираше регионот: Манијак зад воланот – претекнувал преку полна линија во тунел

Супермен

08/02/2019

11:53

5.911

Големина на фонт

а а а

Видеото кое молскавично се прошири на социјалните мрежи покажува како не смеете да се однесувате на пат, за да не го загрозите својот живот и животот на останатите учесници во сообраќајот.

Оваа недела, регионот остана шокиран од дивеењето на еден возач на магистралниот пат помеѓу Сараево и Мостар во Босна и Херцеговина. 

Возачот, чиј идентитет засега не е утврден, заслужува во најмала рака да му се одземе возачката дозвола до крајот на животот. Имено, тој прво претекнувал преку полна линија пред тунел, а потоа го заобиколил камионот и колоната автомобили кои се наоѓале пред него.

За среќа, неговото арогантно однесување на патот никого не го чинело живот... овој пат.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk