Роботот направен со помош на 3D принтер сега може да се лизга и на мраз

Супермен

08/02/2019

13:25

1.295

Големина на фонт

а а а

Робот направен од модуларните делови креирани со 3D принтер сам научил да лизга.

"Се обидуваме да развиеме техники кои ќе им овозможат на роботите да извршуваат различни корисни задачи. Поради тоа мора да знаат како да се движат во различни опкружувања. Истите техники ќе се користат за различни видови на роботи. Сакам да ја видам иднината во која роботите ги зголемуваат нашите можности. Постојат задачи кои се премногу тешки за луѓето па се надевам дека еден ден роботите ќе помогнат во извршување на тие задачи", изјави швајцарскиот научник Стелиан Корос. 


Со користењето на модуларните делови креирани со помош на 3D принтер робот може да се научи да се движи по сите терени. Исто така може да користи различен број на нозе или начин на движење.

Научниците се надеваат дека овие роботи можат да бидат користени за потрага и спасување, доставување и помагање на луѓето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk