Интернет сензација: Поради неа сите манекенки со облини ќе останат во сенка

Точка

08/02/2019

15:33

11.934

Големина на фонт

а а а

Моделот Деми Роуз стана вистинска интернет-сензација поради своите несекојдневни облини. Деми (23) е млада Британка која стана планетарно позната откако започна да објавува фотографии на социјалните мрежи.

Денес има повеќе од осум милиони следбеници, што ја прави една од најпопуларните модели во Велика Британија. 

Модните куќи се натпреваруваат во тоа кој ќе ја ангажира за промовирање на долна облека и костими за капење, а се појавува и во многубројни светски магазини.

Иако никогаш немала висина за вистинска манекенка, Деми отсекогаш сонувала дека ќе стане модел.

Пред две години Деми беше прогласена за "најпредизвикувачката девојка" на Инстаграм, а денес заработува милиони долари.

Изгледа дека покрај Деми, манекенките со облини како што се Кели Брук, Ешли Греам и Искра Лоренс сосема ќе паднат во заборав.




Спонзорирани линкови

Маркетинг