Млад Израелец одлучил да го документира растот на брадата со една фотографија дневно, а потоа објавил видео кое прикажува колку таа пораснала за една година.
Томер Шерф, кој на почетокот на снимката е избричен, една година бележел еволуција од своите влакна на лицето додека патувал во Тајланд, Унгарија и на бројни други далечни дестинации.
Вели дека реакциите за неговата брада биле позитивни првите четири месеци, после што многумина се согласиле дека е време за кратење. Сега вели дека ќе ја избричи брадата докрај, откако ќе се маскира во Дедо Мраз за време на Пурим - еврејски празник кој се одржува во рана пролет, кој е придружен со карневал.
Погледнете го видеото кое можеби ќе ве изненади од тоа колку всушност брзо расте брадата.