“Тор” ја претстави новата апликација: Наскоро и вие ќе можете да имате тело како на бог

Супермен

11/02/2019

12:34

2.025

Големина на фонт

а а а

Многумина сонуваат за мускулите на главниот лик од филмот “Тор”. Но, постигнувањето на резултати со кои може да се пофали главниот актер на оваа екранизација на Марвел, Крис Хемсворт, не е баш лесно.

Доколку и вие сонувате за таквиот изглед, а не знаете од каде да почнете, би можела да ве развесели веста дека Хемсворт ја претстави апликацијата за вежбање благодарение на која и вие ќе можете да имате тело на бог.  

Апликацијата наречена “Centr” содржи сѐ што ви е потребно за постигнување на резултатот: план на вежбање, рецепти за правилна исхрана и вежби за дишење и опуштање.

“Верувам дека сите имаме потенцијал, но потребна нѝ е поддршка за да ги постигнеме сопствените цели. “Centr” ке го стави најдоброто од најдоброто на вашата дланка, ќе ви помогне да развиете поздраво тело, посилен ум и посреќен живот”, изјавил актерот за “Mashable”.

Со оглед на тоа што и самиот е вљубеник во здравиот живот и вежбањето, Крис максимално учествувал во креирање на ваквата апликација. Сите вежби траат помеѓу 20 и 40 минути, а прилагодени се во зависност од тоа дали вежбате дома или во теретана. Освен тоа, секоја недела ќе се поставува ново видео, вклучувајќи бокс и јога и ќе биде можно да се избере интензитетот со кој сакате да вежбате.

Но, актерот се погрижил и за пронаоѓање мотивација, па во својата апликација вклучил и медитација, но и вежби за подигнување на самодовербата.

Како што изјавил во разговор за “Daily Mail”, апликацијата на сите ќе им овозможи пристап до тим на експерти од светска класа. За жал, некои ќе останат разочарани од фактот дека тоа задоволство мора да се плати бидејќи апликацијата не е бесплатна. Конкретно, нејзината цела изнесува 19,99 долари месечно.

Крис вели дека, освен бројните експерти, во осмислување на апликацијата најмногу му помогнале советите на неговата сопруга, актерката Елса Патаки.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk