Маск: "Луѓето ќе можат да ги продадат своите домови на Земјата и да се преселат на Марс"

Супермен

12/02/2019

15:11

2.451

Големина на фонт

а а а

Основачот и директорот на компанијата Space X, Илон Маск тврди дека луѓето ќе можат без проблем да ја напуштат Земјата и да започнат живот на Марс. Маск со своите следбеници на Твитер сподели интересен став.

"Верувам дека преселбата на Марс еден ден ќе чини помалку од 500.000 долари, а можеби и помалку од 100.000 долари. Ќе биде доволно пристапно за поголемиот дел од луѓето со подобра финансиска ситуација да можат да ги продадат своите домови на Земјата и да се преселат на Марс доколку го сакаат тоа", напиша Маск на Твитер. 


Додаде дека и на оние на кои нема да им се допадне животот на Марс ќе можат да се вратат на Земјата сосема бесплатно.

Овие коментари следуваа откако Маск откри нови детали за ракетниот мотор на својата нова ракета под името Raptor и леталото Starship кое ќе го овозможи летот на Месечината и Марс.


Моторите Raptor се клучни за функционирањето на леталото Starship кое ќе има веројатно 6 мотори. Во меѓувреме, ракетниот бустер наречен Super Heavy би можел да користи до 31 Raptor мотори.

Space X планира да го тестира прототипот со Raptor моторите во близина на Браунсвил во Тексас.


Конечната цел на Маск е на луѓето да им се овозможи патување и живот на Марс. Својата визија ја откри во 2015 година и рекол дека сака да создаде "резерва" доколку нешто лошо ѝ се случи на Земјата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk