Млад бизнисмен од Австралија, кој заработува 120.000 долари месечно преку различни интернет работи, призна дека Денот на вљубените ќе го помине сам и покрај желбата да се "скраси".
Метју Лепре (26) од Сиднеј го напуштил факултетот и работел три работи за да ѝ помогне на самохраната мајка, но денес патува ширум светот и држи предавања за бинис вештини, пренесува Дејли Меил.
За жал, поради тоа нема доволно време да ја пронајде вистинската.
"Поминував многу време фокусирајќи се на кариерата, па заборавив на приватниот живот", рекол тој.
Лепре рекол дека сега е финансиски стабилен и подготвен да ја запознае девојката со која ќе го помине остатокот од животот.
Сега заработува доволно пари за да ѝ помага на мајката и да патува ширум светот, но сака да ја запознае личноста со која ќе има исти интереси.
"Како што се приближува Денот на вљубените, сфатив дека сакам врска која ќе има смисла и личност која ќе стане клучен дел од мојот живот", додаде тој.
Досега запознал многу девојки, но ниту со една не можел да се замисли себе. Рекол дека не сака ниту да излегува доколку не забележи дека тој однос би можел да биде сериозен.