Принцот Хари и Меган Маркл својот прв Ден на вљубените, откако се во брак го поминаа разделени. Бремената војвотка останала дома, а принцот отпатувал на северот на Норвешка, поточно во градот Бардуфос кој се наоѓа околу 300 километри во внатрешноста на арктичкиот круг и каде е сместен воениот тренинг камп.
Хaри таму отишол за да ги посети припадниците на британската морнарска служба кои таму вежбаат и живеат, бидејќи од својот дедо, принцот Филип ја наследи титулата за нивен заповедник.
Со други зборови, тој бил речиси 3.000 километри оддалечен од својата бремена сопруга, но маринците се потрудиле принцот полесно да ја поднесе разделеноста така што ѕидовите на неговата соба ги излепиле со фотографии од нивната венчавка.
Изненадувањето апсолутно го воодушеви принцот кој не можел да ја симне насмевката од лице.
"Вие сте вистински чудаци", се пошегувал Хари со војниците кога ги погледнал фотографиите, пренесува E!Online.
"Убаво од вас што ме повикавте во вашето приватно светилиште или како и да го нарекувате".
Воодушевениот Хари позираше во војничка униформа во која, сигурно ќе се согласите, изгледа многу позгодно. Секако, доколку сакате мажи во униформа...
А, иако Меган, Денот на вљубените го помина сама, пред да го запознае Хари додека сè уште го водела својот блог открила дека сама може да се забавува за Денот на вљубените.
"Овие чевли се подарок од мене за мене, бидејќи работев многу и нема да чекам некој друг да ми купува работи кои ги сакам, па сама ќе се третирам како што треба. Бидејќи јас сум сам свој смешен Валентајн", напиша во 2015 година на својот денес непостоечки блог.