Прв телефон со три камери: Шефот на Xiaomi откри детали од новиот премиум модел

Супермен

15/02/2019

16:03

1.939

Големина на фонт

а а а

До претставување на најновиот модел на Xiaomi – Mi 9, на претстојниот саем Mobile World Congress, нѐ делат само десетина дена.

Откако од кинеската компанија најавија дека Mi 9 ќе биде претставен на 24-ти февруари (истиот ден кога Samsung ги открива своите модели од серијата S10), потпретседателот на Xiaomi, Ванг Сијанг, на својот Твитер профил објави најнови фотографии од овој премиум модел. 

Mi 9 на пазарот пристигнува со три задни камери и LED блиц под нив, што е новитет за моделите на овој произведувач. Последните гласини сугерираат дека камерите би требало да имаат сензори од 48, 13 и 16 мегапиксели.


Кога станува збор за хардверот, се очекува Xiaomi Mi 9 да работи на Snapdragon 855 процесор. Почетната конфигурација на уредот би требало да биде 6GB RAM и 128GB простор за складирање. Уредот би требало да биде опремен со AMOLED Full HD+ дисплеј со дијагонала од 6,4 инчи.

Со купувањето, клиентите ќе добијат и брз полнач заедно со уредот, а истиот го напојува батерија од 3500 mAh.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk