Google Maps по грешка ја открил најголемата воена тајна на Тајван: Земјата прави сѐ за да се замагли оваа локација

Супермен

18/02/2019

21:25

12.400

Големина на фонт

а а а

Како услуга дизајнирана да ја мапира секоја улица на светот, Google Maps открил некои чудни тајни во претходните години, поради што Кина и понатаму одбива да го дозволи нејзиното користење.

Една таква тајна случајно била откриена и во Тајван. Воената служба на Тајван сега пробува да ги сокрие тајните локации кои биле изложени со новите 3D сателитски снимки направени од страна на Google Maps. Како што пренесува Business Insider, Google Maps го снимила Заводот за национална безбедност, Военоизвестувачкото биро и Патриотската ракетна база, што досега биле држени во тајност. 


Не само што станале видливи локациите и структурите, туку можат да се видат и видовите и моделите на ракетите на тие локации.

Како една од причините поради која Тајван сака да ги задржи своите ракетни бази во тајност е тоа што земјата се соочува со зголемен притисок од страна на Пекинг, кој смета дека самоуправната демократска територија е “непријателска” провинција која треба да се спои како “една земја, два системи” – по потреба со сила.


Поради тоа, националната безбедност е моментално на врвот на листата на приоритети. Тајванскиот министер за одбрана Јен Тех-фа изјавил дека е основана работна група во обид да работи со Google на замаглување на овие локации.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk